Брисел

ЕУ до Турција: Сите опции се на маса

30.09.2020 14:10

Грција и Турција спорат околу разграничувањето на зоните на експлоатација на гас во источниот дел на Средоземното Море. За прашањето ќе се расправа на самитот на ЕУ утре и задутре во Брисел.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предупреди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ, доколку Турција не покаже конструктивност околу спорот во Средоземното Море.

Грција и Турција спорат околу разграничувањето на зоните на експлоатација на гас во источниот дел на Средоземното Море. За прашањето ќе се расправа на самитот на ЕУ утре и задутре во Брисел.

Мишел наведе дека вечерата на лидерите на ЕУ ќе биде посветена исклучиво на ситуацијата во Источен Медитеран и на односите со Турција.