Мекејлеб против Уникаха, Партизан во Москва

13.03.2014 14:20

Во кошаркарската Евролига вечерва се играат 5 натпревари од 10 коло во Топ 16 фазата. Во “Е“ групата екипата на Фенербахче Улкер ја пречекува Уникаха. Турскиот клуб во кој настапува Бо Мекејлеб е меѓу трите со по 4 победи, и со евентуален успех ќе се израмни според бодовното салдо со составот од Малага. Екипата на Лаборал која е  вториот од трите шпански клубови во групата, ќе се обиде да се помести од дното во  натпреварот против Емпорио Армани, кој е второпласиран со 6 победи и 3 порази. 

Во “Ф“ групата колидерот на табелата ЦСКА го дочекува Партизан, кој во Белград им го нанесе единствениот пораз досега на Московјаните. Гостите се претпоследни со само две победи, и патуваат во руската престолнина со амбиции за ново изненадување. Во Тел Авив третопласираниот Макаби е фаворит против индиспонираниот Жалгирис, кој досега има само една победа. Конечно во Минхен, дебитантот во оваа фаза Баерн  ќе се обиде да го изненади Реал Мадрид, кој е на врвот заедно со ЦСКА Москва. Баварците одлично котираат, и засега се на позиција која им носи четвртфинале, со 4 победи и 5 загубени натпревари по 9 одиграни кола.