Апели за прекин на воените активности во Нагорно- Карабах

30.09.2020 16:34

Советот за безбедност на ООН побара од ерменските и азербејџанските сили да се вратат на Минскиот договор за преговори. И францускиот претседател Макрон со апел за прекин на огнот без услови...

Не стивнуваат повиците од меѓународната заедница за ставање крај на воените активности во Нагорно-Карабах. Советот за безбедност на ООН побара од ерменските и азербејџанските сили да се вратат на Минскиот договор за преговори. И францускиот претседател Макрон со апел за прекин на огнот без услови, со посредство на Франција, Русија и САД.

Зборував со ерменскиот премиер и со азербејџанскиот претседател и ги осудив овие дела што ми се чинеа непропорционални. Освен со претседателите Трамп и Путин, ќе разговарам и со министрите од Минската група и ќе размениме информации со Европскиот совет. Во оваа фаза останувам крајно претпазлив“, вели Макрон.

И покрај смирувачките тонови, борбите продолжија во текот на ноќта. Двете страни со меѓусебни обвинувања за продолжување на нападите во кои загинаа и се повредени десетици. Ерменски официјални лица во Нагорно Карабах го обвинија Азербејџан дека на мета ги има цивилните населби.

Имавме трет ден обемна офанзива. Претходната ноќ не беше исклучок. На север и североисток офанзивата беше многу поинтензивна. Азербејџан се насочува кон цивилни населби и инфраструктура уште од самиот почеток на дејствијата и имаме докази за тоа“, изјави Вахрам Погосијанпортпарол на претседателот на самопрогласената Република Нагорно Карабах.

Претходно, лидерите на Азербејџан и на Ерменија ги отфрлија сугестиите за мировни преговори. Ерменија тврди дека турски воен авион Ф-16 соборил еден од нивните воздухоплови, за што Анкара демантираше.

Ние регрутираме десетици илјади резервисти. Не ни недостасуваат човечки ресурси. Способни сме да се грижиме за себе и да го казниме агресорот на начин што ќе ги обесхрабри дури и да гледаат во наша насока“, изјави Илхам Алиев-претседател на Аазербејџан.

Многу е тешко да се зборува за преговори, особено за нивната содржина кога се во тек специфични воени операции. Како прво, насилството мора да се запре. Азербејџан мора да признае дека нема воено решение за проблемот во Нагорно Карабах“, рече Никол Пашинијан- премиер на Ерменија.

Ова се најжестоките судири околу Нагорно-Карабах од 2016 што ја стави под прашање стабилноста во регионот.

Маријана Димовска