Вечерва онлајн премиера на видео проектот „Rеволуција во живо“ на режисерката Теа Беговска
Вечерва во 20,15, на „Јутјуб“ ќе се одржи онлајн премиерата на интернационалниот видео проект „Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска. Во проектот се вклучени актери од пет држави: Босна и Херцеговина, Македонија, Франција, Мексико и Турција.

Во проектот учествуваат актери, музичари и уметници од сите пет држави. Играат: Дина Мушановиќ, Томе Станковски, Пјер Мениер, Џорџ Ангелс, Зејнеп Нутку и Рујиш Беговска. Актерите се исто така автори на видеата во кои зборуваат на пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина, теми кои се дел од нивните животи и професии. Искажувајќи ги своите мисли и чувства пробуваат да го променат секојдневието. Овој проект беше реализиран за време на карантин.
Линк за премиерата: https://www.youtube.com/watch?v=Dy7ugq_NWnU