БРИСЕЛ
ЕУ на самит одлучува за санкции за Турција
01.10.2020 11:20
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им испрати писмо во кое нагласи дека е подготвен за разговор со Грција без предуслови.

Денеска и утре ЕУ на самит решава за евентуално воведување на санкции за Турција. Источен Медитеран е тема на дводневниот настан во Брисел кој беше одложен минатата недела поради позитивен тест за ковид-19 на претседателот Шарл Мишел.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им испрати писмо во кое нагласи дека е подготвен за разговор со Грција без предуслови.
Минатиот месец Турција го повлече бродот за истражување кој го предизвика спорот за поморските граници со Кипар и со Грција.
