КОВИД-19

Баросо е новиот претседател на клучната коалиција против коронавирусот

01.10.2020 11:32

Управниот одбор на Гави, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврдија изборот на поранешниот португалски премиер.

Поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо е назначен за претседател на Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација „Гави“, кој го надгледува системот за глобален пристап до вакцината против коронавирусот под покровителство на Обединетите нации.

Управниот одбор на Гави, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврдија изборот на поранешниот португалски премиер.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш бара од богатите земји 15 милијарди долари за купување и дистрибуција на идната вакцина против коронавирусот до најсиромашните делови од светот.