САД

Комисијата го менува форматот на претседателските дебати по жестокиот дуел Трамп – Бајден

01.10.2020 11:46

Првото соочување на претседателските кандидати мина со непочитување на правилата за молк, меѓусебни обвинувања и лични навреди.

Американската комисија за претседателски дебати наскоро ќе усвои промена на форматот за да се избегне уште еден хаотичен дуел на републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден.

Се разгледува и можноста модераторот да добие овластување да го исклучи микрофонот на учесникот во дебатата додека говори неговиот противник. Првото соочување на претседателските кандидати мина со непочитување на правилата за молк, меѓусебни обвинувања и лични навреди.

До денот на изборите ќе бидат одржани уште две дебати. Втората е закажана за 15 октомври во Мајами, а последната ќе се одржи на 22 октомври во Нешвил.