ДЗС: Намалени продажните цени на индустриските производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се пониски за 0,5 % на месечно ниво и за 2,6 % на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во споредба со јануари 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %, во групата Капитални производи за 0,6 % и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 %.

Во споредба со февруари 2013 година, продажните цени се пониски во групата Енергија за 4,3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 %, Капитални производи за 1,5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 %.