Почна учебната година со комбинирана настава
Почна учебната година за 270 илјади ученици. Училиштата ги отворија вратите, само дел од учениците го слушнаа училишното ѕвонче, меѓу нив и 19 илјади првачиња. За некои настава со физичко присуство, преостанатите пред комјутер и ТВ екраните. Пандемијата наметна нови правила и низа протоколи. Учениците возбудени, наставниците велат дека се подготвени за новиот начин на кој ќе се одвива наставниот процес. Проблемите со националната платформа за учење на делечина ќе се решаваат тековно - уверува министерката Царовска...

Почна новата учебна година, овој пат со задоцнување од еден месец поради корона- кризата. Има посебни протоколи и комбиниран модел на настава. Децата од прво до трето одделение седнаа во училишните клупи. Радост, возбуда, но и по малку страв, велат родителите.
Училиштата подготвени за одржување на наставата со физичко присуство, но и со далечинско учење. Се почитуваат протоколте – се проверува температура, се врши дезинфекција, се одржува растојание.
Владини претставници во училиштето „Јан Амос Коменски“. Посакаа успешна учебна година. За проблемите кои би настанале со националната платформа, министерката Царовска вели- ќе се решаваат тековно.
600 училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство, останатите преку онлајн платформата, а наставната содржина ќе биде достапна и со емитување часови на Македонската телевизија.
Со одлука на Владата, училиштата беа затворени на 10-ти март, како превентивна мерка за заштита од Ковид-19, а учениците ја завршија учебната година преку онлајн настава.
Наташа Гркова- Петрушевска
