Студиската година почна со академски час на отворено
Почна академската година. Под ведро небо бруцошите на прв академски час. Дел од студентите ќе доаѓаат на настава, повеќето се одлучија за онлајн студии. Пред вас се најубавите години од животот, ќе учите, ќе се дружите – им порача претседателот Пендаровски. Вие како генерација по многу нешта сте посебни- им се обрати академскиот кадар на студентите на Правен...

Со прв академски час на отворено почна студиската година. Дел од студентите ќе доагаат на настава, повеќемина се одлучија за онлајн студии. Бруцошите дојдоа по својот индекс.
Актуелната состојба со корона пандемијата во говорот на првите луѓе на високообразовните институции.
Сите ќе мора да се адаптираме на промените кои ги диктираше Ковид-19, оваа генерација по многу нешта сте посебни. Ако се сретнете со потешкоти, падови и порази не се обесхрабрувајте и од нив може нешто да научите- им порача ректорот.
Поранешниот студент на Правниот факултет, сега претседател на државата, на идните студенти им порача дека- пред вас се најубавите години од животот, ќе учите, ќе се дружите, Вашето знаење ѝ е потребно на држвава за да оди напред.
Поради пандемијата, годинава дигиталните алатки ги за заменија амфитеатрите и катедрите. Некаде само онлајн, а некаде поради природата на факултетот, наставата ќе се следи преку комбиниран модел.
Наташа Јанчиќ- Менковски
