Игротеките со дозвола за работа, бараат прецизни упатства

01.10.2020 14:49

Игротеките добија дозвола за работа, ама според ситуацијата на теренот, сѐ уште чекаат прецизни упатства. Се подготвуваат да ги отворат вратите. Некои преживеаја со државна помош, други пандемијата ги доведе до затворање...

Прилепските игротеки ги разгледуваат протоколите, не се отворени, се подготвуваат за работа. Ова е општитот впечаток при нашето истражување  откако Владата пред три дена го усвои протоколот и даде виза да се отворат.

По шестмесечната пауза, со тешкотии за трошоците, помош од државата и упорност, некои веќе со нетрпение чекаат да ги отворат вратите. Велат, има голем интерес кај родителите.

Други, сѐ уште ги разгледуваат протоколите, ама дневниот престој профункционира според актуелните препораки.

Пандемијата ги направи штетите. Иако просторот е најбитен за одредување на бројот на децата во игротеките, сопствениците бараат поголема информираност и прецизност во протоколот на згрижување деца.

 

Елизабета Митреска