Бочварски: Повеќе транспортни дозволи и продолжување на лиценците за транспортерите
На 7.000 превозници ќе им биде продолжена лиценцата за работа дополнително една година без надомест, најави министерот Бочварски...

На 7.000 превозници ќе им биде продолжена лиценцата за работа дополнително една година без надомест, најави министерот Бочварски. Посочува - ќе се обезбедат поголем број дозволи за транспортерите, и ќе се намалат финансиските трошоци.
Превозниците очекуваат новите мерки да го заживеат стопанството. Транспортните компании работат со капацитетот од 60 до 70 насто, велат од Асоцијацијата.
Новиот електронскиот систем за распределба, поради ковид- кризата ќе стане оперативен наредната година. До крајот на годинава, пак, ќе се утврди листата на непотребните давачки што треба да се намалат или целосно да се укинат.
Дијана Ценевска
