Свечен академски час на Факултетот за безбедност

01.10.2020 16:43

На Факултетот на безбедност, строга селекција до дипломата. 30 насто од запишаните доаѓаат до неа...

Безбедносните промени ја погодија целата планета, не е само прашање на границите и на полицијата на улици, на подготвена Армија да се справи со безбедносните предизвици. Таа покрива речиси сѐ и затоа од сите нас ќе бара знаење, порача министерката Шекеринска на отворањето на учебната година на Факултетот за безбедност.

Проректорот на универзитетот „Свети Климент Охридски“ посочи дека високото образование треба да биде меѓу првите три приоритети на секоја држава. Ресорното министерство треба да издвои финансиски средства за зголемување на студенстскиот стандард, за наставата и сместувањето, како и за професорскиот кадар.

Според деканот на факултетот, подготвен е хибриден модел на пристап за онлајн следење на наставните содржини и практики.

На факултетот оваа година се запишани 231 студенти, од нив околу стотина со просек 90 од можни 100 бодови. 

 

Игор Панов