Интервју со кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо, по повод Националниот ден

01.10.2020 19:59

Со 10 илјади американски долари бруто домашен производ по глава на жител, Кина го одбележува националниот празник. Пекинг потврди- завршен е процесот на искоренување на сиромаштијата 10 години пред истекот на рокот поставен од ООН. Во кој домен најбројната земја на светот ја гледа сегашната и идната соработка со нашата држава, за Македонската телевизија говори кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо...

1. Како да ја гледаме иднината на Кина по основањето на 71 години? Особено е дека оваа година, целиот свет соочува пандемијата.

Одбележувајќи го 71-от Национален ден од основањето на Народна Република Кина, исто така и традиционалниот празник на Кина – Џон Чју (Zhong Qiu) – средината на есента. Во текот на изминативе 71 годинa, во Кина се случиле огромни промени. Особено оваа година, Кина не само што извојува голема победа во борбата против пандемијата, туку и вложува големи напори за искоренување на сиромаштијата, за изградба на општеството со благосостојба и подмладување на кинеската нација.

Прво, Кина направи историски достигнувања во намалување на сиромаштијата. Во текот на изминатите 70 година, повеќе од 850 милиони луѓе се извлечени од сиромаштија, просечниот животен век се зголеми од 35г. на 77г. Особено оваа година, Кина го надминува влијанието од пандемијата, да го реализира историскиот скок - 1 милијарда и 400 милиони луѓе да бидат извлечени од сиромаштија, да добијат доволна храна и облека, и да живеат во благосостојба. Со тоа, Кина ќе го реализира 10 години порано од предвиденото, рокот од Обединетите нации за искоренување на апсолутната сиромаштија, кој е запишан во Агендата за одржлив развој до 2030 година. На тој начин Кина ќе го постави крајот на проблемот со апсолутната сиромаштија, што ја мачи кинеската нација со илјадници години. Правата на живот и развој се најосновните човечки права. За луѓето од сиромашните села постепено се обезбедувани храна, облека, задолжително образование, медицинско осигурување и живеалишта. Патиштата во селата се асфалтирани, над 99% од селата имаат електрична енергија. Кина уште полага напори, со цел комплетно да ја елиминира апсолутната сиромаштија, а исто така и да даде свој придонес за реализирање на мирен развој.

Второ, Кина создаде уникатен модел за подмладување на една голема земја. Кинескиот народ е мирољубив, но од Опиумската војна во 1840г. до 1949г. кога беше објавена новата Народна Република Кина, внатрешните безредија, империјалистичките напади и двете светски војни во 20тиот век, му причинија големи страдања и тешкотии на кинескиот народ. Како резултат на тоа, Кина свечено и внимателно одлучи да се развива на мирен начин и да води соработка, базирајќи се на општа корист. Во изминатите 71г., особено по воведувањето на политиката за отворање на врати кон светот, Кина во моментов повторно се качи на светската сцена. За изминативе 70 години, Кина ниту еднаш не причинила војна или конфликт, не окупирала ниту педа земја од друга држава. Кина во моментов е втор најголем придонесувач за членарината во Обединетите нации и во споделување на трошоците во мировните мисии на ООН. Исто така Кина е и земја, која испраќа најголем број мировници меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на ООН. Со цивилизацискиот развој кој трае 5.000 години, Кина создаде уникатен модел за подмладување на една голема земја - мирен развој .

Трето, Кина создаде развојно чудо. Започнувајќи од сиромаштијата во време на 1949 година, сега Кина стана вториот по големина економски објект во светот и прерасна од земја со сериозен недостиг на секакви материјали, во голем производител со сите видови на индустрии. Од полуколонијална земја, која постојано била напаѓана, Кина успеа да се развие во најголемата трговска земја во светот.

Од започнувањето на политиката за реформа од 1978г. досега, Кина стана една од земјите со најбрз развој. Секои 8 години, нејзиниот економскиот обем се удвојува, 2019г. веќе достигна 14,4 трилиони американски долари, што претставува 17% од општиот обем на БДП на светот. Освен ова, уште од 2008г. годишниот придонес на Кина во светскиот економски раст е во просек околу 30%. Во моментов, бруто домашниот производ по глава на жител на Кина надмина над 10,000 американски долари. Оваа година, Кина одбележува особен напредок, пуштена е сателитската навигација „Беидоу-3“, сондата за Марс и 5G технологии беа официјално пуштени во употреба. Развојот во полињата на здравството, образованието и подобрувањето на животот на народот исто така реализираат напредок, и може да се каже дека Кина покажува силен тренд во економскиот развој и го подржува позитивниот раст.

2. Како е ситуација во Кина во борбата против пандемијата? Како е развојот на вакцините? Какви се клучни концепти во превенцијата и контролата на вирусот?

Соочувајќи се со глобалната пандемија, под водство на Кинеската комунистичка партија, кинескиот народ брзо го контролира ширењето на вирусот, успеа да ги одржува безбедноста и хармонијата во општеството, и економијата започнува да се зајакнува. Според мене, тоа се должи на 2 (два) клучни концепта:

Едниот од нив е дека Кина секогаш се придржувала кон концептот „народот е на прво место“ и ја градела најголемата мрежа во светот за социјално осигурување, обезбедувајќи го основното медицинско осигурување на сите луѓе. Од избувнувањето на пандемијата, поддржувајќи го концептот „животот на човекот е најценет“, Кина не само што го стопира ширењето на вирусот со сите напори, туку исто така навреме ги сподели информациите и искуствата со други земји и со СЗО. Освен ова, по нормализирањето на производството во Кина, таа успеа да обезбеди 80% од глобалната побарувачка на анти-пандемиските средства. Во моментов, Кина има неколку видови вакцини, кои веќе навлегуваат во третата фаза на клиничките испитувања. По развојот на вакцините, Кина одлучи да ги направи како јавен продукт за целиот свет, да даде придонес за достапноста во сите земји.

Другиот е долгогодишната социјална стабилност, која покажува силна еластичност соочена со кризите. Пред политиката за реформата, ние ги издржавме големите тестови: војна и отпор против американската агресија за помош на Кореја, 3 годишeн период на природни катастрофи, големиот земјотрес во Тангшан и др. По воведувањето на реформата, успеавме да ги издржиме големите тестови како на пример азиската финансиска криза од 1997г., епидемијата на САРС од 2003г., земјотресот во Венчуан, провинцијата Сичуан од 2008г. и светската финансиска криза.

Од прогласувањето на Народна Република Кина, таа секогаш инсистираше на тоа дека правата за опстанок и развој се основни човекови права и се труди да создаде добра социјална средина за луѓето да живеат и да работат во мир и задоволство. Кина ​ја поддржува еднаквоста на сите етнички групи и ја гарантира слободата на верското уверување во согласност со законот. Базирајќи се на владеењето на правото, Кина го реализира разумното управување со државата. Преку зајакнување на обезбедувањето на националната безбедност и законитост, Кина се обидува да ја изгради заедницата на социјално управување. Истовремено, со усвојување на мерките за борба против тероризмот и радикализацијата, Кина стана една од најбезбедните земји во светот.

3. Со развојот на Кина, односите помеѓу Кина и светот, на која насока ќе одат?

Како една голема земја од Исток, која преживува 5000 години цивилизација, целта на подмладувањето на кинеската нација е да се добие достоинство и безбедност, и да се создаде добар живот за 1,4 милијарди Кинези. Некои луѓе велат дека Кина сака да го промени или дури и да го окупира светот по подмладувањето. Таквото мислење само покажува непознавање на кинеската историја и цивилизација. Според мене, може да ја гледаме иднината на Кина во светот од две перспективи:

Едната перспектива е дека Кина го промовира формирањето на нова шема за развој. Во Кина има две стогодишни цели, до 2020г. да биде изградено просперитетно општество со благосостојба, и до 2050г. да биде изградена силна социјалистичка држава, и да се оствари кинескиот сон за големо подмладување на кинескиот народ. Кина се развива според долгорочна и среднорочна програма. Од 1953г. до сега Кина веќе изработи и спроведе 13 петгодишни планови, кои го промовираа развојот на економијата, и општеството чекор по чекор.

Во моментов, Кина се развива според 14-тиот петгодишен план и визија-план за 2035г., полага напори за изградба на модел за развој на „двојно движење“, во кој водечка улога ќе има домашниот економски циклус, додека меѓународниот економски циклус ќе продолжи да се доградува и надополнува. Кина е спремна за уште поголемо отворање на својот пазар, со цел да ја сподели со светот развојната дивиденда, да го поттикне заедничкиот развој на светот преку сопствениот развој. Одлучноста на Кина да се постигнат целите за изградбата на „Еден пат и еден појас“ и за одржлив развој во 2030 година нема да се поколеба.

Друга перспектива е дека Кина секогаш го следи патот на мирниот развој. На почетокот на основањето на новата Кина, таа воспостави независна и мирна надворешна политика, и го вклучи одржувањето на светскиот мир во првиот устав. Кина беше првата земја во светот, што го даде ова свечено ветување. Реформата и развојот на Кина се за да се надмине себеси, а не да ги замени другите. Ние немаме интерес да бараме глобална или регионална хегемонија.

Развојот на Кина се базира на пријателската соработка со земјите од целиот свет. Кина секогаш ќе спроведува политика за заемна корист и стратегија за отворање, активно ќе промовира координација и соработка меѓу големите сили, ќе ги зајакне добрососедските и пријателски односи со соседните земји и ќе ја зајакне солидарноста и соработката со земјите во развој. Соочувајќи се со унилатерализмот и политиката на моќ, кинескиот народ е подготвен да работи со луѓето од другите земји, цврсто да го брани мултилатерализмот, да биде градител на светскиот мир, придонесувач за глобалниот развој и бранител на меѓународниот поредок и инсистира да го промовира градењето на заедница на човечката судбина, и нов вид на меѓународни односи, кои се базираат на меѓусебно почитување, правичност, правда и соработка за заемна корист.

4. Пандемијата ја комплицира меѓународна и географска политика, како оценувате развојот на билатералните односи помеѓу Кина и Северна Македонија?

Во изминативе 27 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија, меѓусебната политичка доверба се зајакнува континуирано, економската и трговската соработка исто се проширува, преку активни и интезивни размени во различни области. Оваа година, билатералната соработка покажува „три  тенденции“:

Првото е размената на високо ниво. За време на пандемијата, државните лидери на Република Северна Македонија и Народна Република Кина си разменија сочувство, а на денот кога беше формирана новата влада во Република Северна Македонија, на Денот на независноста на Република Северна Македонија и по повод Националниот Ден на Народна Република Кина, македонските и кинеските лидери си разменија честитки.

Второто е општата борба против пандемијата. Министерството за надворешните работи на Кина и Државната комисија за здравство два пати одржаа видео конференции со земјите од централна и источна Европа, вклучително и Реублика Северна Македонија, за споделување на анти-пандемиските искуства. Во април и месец јуни,  кинеската влада обезбеди итни набавки на анти-пандемиска помош во две серии. Локалните самоуправи, како градот Нанчанг, невладините организации и претпријатија, исто така и кинеската амбасада, донираа материјали за помош на Република Северна Македонија, за сиромашните семејства на Ромите и др.

Третото е прагматичната соработка помеѓу двете земји. Од јануари до јули оваа година, трговскиот обем помеѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија се зголеми за 1,7%, а извозот за Кина исто одбележува раст од 18.7%. Автопатот Кичево-Охрид и други проекти меѓу двете земји напредуваат непречено. Првата фаза од едукативниот систем за далечинско образование, потпомогната од Кина, одигра важна улога во спречувањето на пандемијата во Република Северна Македонија. Во 2019г. трговскиот обем помеѓу двете земји покажа раст од 20.8% во споредба со 2018г. кога беше на највисоко ниво во историјата. Во ноември минатата година беше успешено организиран Форумот на ниво на министри за соработка во културата во рамките на „17+1“, а вкупно 14,000 кинески туристи беа во Македонија. Може да се каже, дека билатералната соработка меѓу нашите две земји се проширува континуирано, и очекуваме уште поперспективна соработка во пост-пандемискиот период.

5. Република Северна Македонија стана член на НАТО и скоро ќе започнува преговори за членството во ЕУ, каква е перспектива на соработката помеѓу нас?

Во 2021г. Република Северна Македонија ќе одбележи 30-годишнина од својата независност, и Кина ќе започне ново патување за сеопфатно градење на модерна социјалистичка земја. Гледајќи кон иднината, се надевам дека билатералните односи меѓу нас ќе  отворат нови перспективи на полето на огромните глобални промени и сложна заедничка соработка во три сфери:

Првото е да работиме заедно во справување со пандемијата. Соочувајќи се со економска рецесија, здравствена криза и други глобални предизвици, водењето на ефикасна соработка е општ консензус на двете наши земји. Во моментов, пандемијата уште се шири низ целиот свет, а Кина го презеде водството во контролата на епидемијата и стана првата голема економија што продолжи со растот по избувнувањето. Кина и Северна Македонија мора да ја потикнуваат ефикасно соработката против пандемијата, да се обезбеди новата нормализација со превенција и контрола на вирусот, да ја поддржиме СЗО да игра водечка улога, да ја промовира размената на луѓето и да го промовираме закрепнувањето на економијата.

Второто е за проширување на меѓусебната соработка со општа корист. Мора да се користат убаво можностите од реализирањето на иницијативата „Еден појас и еден пат“ и „17 + 1“, да се продлабочи соработката во трговските инвестиции, превенцијата на епидемијата и здравствената заштита, индустријата, инфраструктурата и др. Искрено се надевам, дека Република Северна Македонија ќе обезбеди отворен пазар, правичен, недискриминаторски и фер амбиент. Кинеската страна ќе полага напори за доставување на општествени и здравствени материјали, со цел подобрување на македонското јавно здравство. Освен ова, ќе им помогне на повеќе од 80 средни училишта низ целата земја да ги споделуваат образовните ресурси на Интернет со помош на втората фаза на Едукативниот систем. Се разбира и ќе продолжи да ја подржува работата на Центарот за културна соработка во рамките на 17+1, со цел да ја зајакнувме соработката во разни сфери и на разни нивоа.

Третото е да го поддржиме мултилатерализмот. Целиот свет навлегува во период со огромни промени, Кина и Северна Македонија мора да се разбираат и взаемно да си го почитуваат избраниот пат за развој, да ги почитуваат принципите на суверенитет, независност и територијален интегритет, немешање во внатрешните работи и други меѓународни правила. Не треба да се промовира „Нова студена војна“, ниту „законот во џунглата“. Мора да бидеме на страна на мултилатерализмот, да се зајакнува меѓународниот поредок со Обединетите нации како центар, да се обезбеди меѓународен трговски систем, со СТО како база, и да се забрзува спроведувањето на Агендата за одржлив развој во 2030 година и Парискиот договор за климатските промени.

Со оглед на огромните промени и глобалната пандемија, Кина и Северна Македонија треба да погледнат стратешки, заеднички да ја продлабочат меѓусебната доверба, да ја развиваат соработката со општа корист, со цел да ги подобрат животот и благосостојбата на народите од двете земји.

Посакувам пријателството помеѓу Кина и Северна Македонија да трае вечно и да е перспективно!

 

Зоран Богатинов