Бруцелозата пред исчезнување
Десетгодишната вакцинација против бруцелозата ги спаси домашните стадата овци и кози од оваа болест. Од некогашните повеќе од 16.000 заболени животни годишно, сега оваа бројка изнесува околу 950. Намален е и бројот на луѓето заразени од болеста од скоро 500 претходните, на само едно лице оваа година. Целта е вкупниот број на болен добиток да се сведе на еден процент...

Од скоро 16.000 во 2008-та година, бројот на заболени овци и кози од бруцелоза лани се намали на само 950.
Со вакцинацијата на животните и воведувањето на системот за идентификација и регистрација на ситниот добиток, трендот на намалување на бројот на заболени грла продолжи и годинава.
Борбата за сузбивање на оваа болест го намали и бројот на луѓето заразени со бруцелоза. Лани биле евидентирани 14, а годинава само едно заболено лице, наспроти 490 во 2008-та година.
Бруцелозата е ставена под контрола, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство, додавајќи дека сега сме блиску и до добивањето на статус на „слободна земја“ од оваа добиточна болест.
Најкритични региони се Прилепскиот, Долнени и Полошкиот каде се регистрирани најголемиот број на позитивни случаи.
Инаку, ова зболување најчесто се пренесува со конзумирање на непастеризирано, односно неварено млеко или кога се јаде младо сирење за време на првите неколку недели од кога е направено.
Методија Трајков
