Доналд Трамп позитивен на Ковид -19
02.10.2020 10:23
Трамп претходно изјави дека тој и првата дама се самоизолираат откако Хоуп Хикс, една од неговите врвни соработници, беше позитивна.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на новиот коронавирус.
Трамп претходно изјави дека тој и првата дама се самоизолираат откако Хоуп Хикс, една од неговите врвни соработници, беше позитивна.
„Таа се тестираше и излезе позитивна. Таа е одличен работник, постојано носи маска, но ете, сепак се покажа дека е позитивна“, изјави Трамп.
31 годишната Хикс беше позитивна на тестот ден откако патувала со претседателот на митинг.
Трамп, напиша на неговиот Твитер профил дека е позитивен на Ковид-19 и дека веднаш ќе започне со третман за закрепнување.
