Над 15 илјади оздравени пациенти од Ковид-19 во земјава
Министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Фејсбук профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување крвна плазма да се јават во Институтот за трансфузиона медицина.

Над 15 илјади оздравени пациенти од Ковид-19 има во државата од почетокот на пандемијата. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани се искачи на 18.138, на починати- 743. Сѐ уште се активни 2.327 случаи со Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Фејсбук профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување крвна плазма да се јават во Институтот за трансфузиона медицина.
162 новозарезени со Ковид-19, од направени 1.350 тестирања- покажа најновиот извештај на Министерството за здравство. Најголем дел од заболените се од Скопје- 75. Во болнички услови починаа четири лица, тројца пациенти од Скопје и еден од Штип. Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 343 лица, од кои 41 се на кислородна поддршка, а еден на механичка вентилација. Досега во земјава се направени вкупно 190.127 тестирања.
Во светот бројот на заразени надмина 34 милиони, активни се 7,8 милиони, а починаа еден милион луѓе.
