БРИСЕЛ

ЕУ побара итен прекин на борбите во Нагорно- Карабах

02.10.2020 11:09

ЕУ соопшти дека ги поддржува копретседавачите на таканаречената група Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа која се обиде да посредува во конфликтот уште од раните 90-ти.

Лидерите на ЕУ повикаа на итен прекин на борбите меѓу Ерменските и Азербејџанските сили околу Нагорно-Карабах, поради загриженоста дека конфликтот може да прерасне во целосна војна во која би можеле да се вклучат и регионалните сили.

ЕУ соопшти дека ги поддржува копретседавачите на таканаречената група Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа која се обиде да посредува во конфликтот уште од раните 90-ти.

Во својство на копретседавачи на таа група, Франција, Русија и Соединетите држави повикаа на итен прекин на непријателствата меѓу силите што се борат над Нагорно- Карабах.