Барселона - градот на уметноста, фудбалот и музиката
Барселона, градот на уметноста, фудбалот и музиката, е познаи и по многуте прекрасни плажи, катедрали, музеи, аквариуми и историски центри. Посебн шарм на овој град му дава модернистичкото архитектонско наследство на најпознатиот шпански мајстор на овој занает, Антонио Гауди. Прекрасни мозаици инспирирани од природата ги красат повеќето од нејзините згради, а најрепрезентативен пример е секако Парк Гуел, магично место со поглед на Барселона од неговата тераса.

Casa Batllo, La Pedrera и Casa Guell се исто така градби на овој архитект и веројатно нема некој кој бил во Барселона без да му се восхитува на неговото ремек-дело - катедралата на La Sagrada Familia. Изградбата на кулите, кои го кршат небото, започна во осумдесеттите години на 19 век, а сè уште не е познато кога ќе се заврши овој импозантен објект. Тој е под заштита на Светското културно наследство на УНЕСКО, како најпосетуван објект во Шпанија, со околу 2,26 милиони туристи годишно.
Пласа Каталуња е срцето на Барселона и плоштадот што го дели стариот и модерен дел од градот, во близина на кој се наоѓа „Музејот на уметноста Контемпорани од Барселона“, музеј на современа уметност. Оттаму, патот води кон славниот Лас Рамблас, на чиј крај се наоѓа статуата на Колумбо, која гледа на отворено море. По должината на целото шеталиште на Лас Рамблас, има различни улични музичари, забавувачи, статуи на луѓе, ресторани и кафулиња каде што можете да одморите или да купите сувенир. Најважната споредна работа на светот, во главниот град на Каталонија, е всушност најважната, а стадионот „Камп Ноу“, каде игра Барселона, секако е едно од местата што мора да го посетите за време на патувањето. Камп Ноу има капацитет од 98.772 места и е изграден од 1954-1957 година.
Духот на Медитеранот помешан со зградите на Гауди ја прави Барселона привлечна во текот на целата година. Не пропуштајте ги долгите песочни плажи во градот, каде што локалното население обично застанува по работа. Откако ќе го запознаете овој прекрасен град, задолжително освежете се во „шпанското“ море. Бидете слободни и почувствувајте ја Барселона, нејзината единствена душа и оставете ја да ве опие со своите звуци и мириси
Барселона е создадена за оние кои уживаат во убавото! Прекрасна архитектура, убава храна, убави луѓе, моменти и сè што го прави животот посебен.
Дефинитивно град во кој длабоко дишете живот, а енергијата електрифицирана од каталонскиот темперамент од првиот момент е вовлечена во сите пори на телото, ве носи низ лудите делови на градот, подготвува незаборавни моменти и не ве пушта долго по враќањето дома.
Дијана Гогова
