Италијански компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

13.03.2014 15:27

На форумот беа присутни претствници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот Наумоф ги договорија понатамошните чекори и планови за посета на Македонија...

Во рамките на петдневната посета на Италија, Министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, покрај бројните директни средби со компании со кои беа договорени понатамошни посети во Македонија, во текот на вчерашниот ден одржа и презентација за можностите и поволностите за инвестирање во Македонија на бизнис форум во Чивитинова Марче, соопштија од Кабинетот на министерот Наумоф.

Овој форум е во организација на реномираната адвокатска куќа Сантини Студио Легале од Рим. На форумот беа присутни претствници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот Наумоф ги договорија понатамошните  чекори и планови за посета на Македонија.

Адвокатската куќа Крискуоли&Партнери, (Criscuoli&Associati), чиј сопственик Франческо Дагнино ја посети Македонија минатиот месец,  по повод посетата на министерот Наумоф во Милано, организираше работна вечера со асоцијацијата  на претприемачи од Милано, YEA.

Таму, Наумоф, како почесен гостин, имаше обраќање за бизис климата и инвестициските можности во Македонија пред триесетина петприемачи од  различни сектори на производство од Милано. Како резултат на овие разговори, се договори посета од страна на италијанските претприемачи во Р. Македонија во текот на следниот месец.