Енергетско поврзување за побрз економски развој
По состаноците во Солун, американскиот помошник- државен секретар за енергетика, Францис Фенон допатува во земјава. По средбата со премиерот Заев, оценето дека се развива нов енергетски пазар што ќе го предводи Грција, а Македонија ќе увезува и ќе биде дистрибутивна точка. Нашата страна ќе инвестира и во изградбата на терминалот за течен гас во Александрополис, што ќе ни овозможи поголема енергетска независност...

Македонија акционерски ќе учествува во терминалот за прием на течен нафтен гас во грчки Александрополис. Вложуваме 54 милиони евра во интерконекторот за поврзување со соседот, од кои 13 милиони евра се европски грант за надзорот и проектирањето. Ова го најави премиерот Зоран Заев по средбата со американскиот пошник- државен секретар за енергетика, Францис Фенон.
„Енергетската соработка е приоритет за нас“, рече Заев. Веќе се разговарало и за повторно ставање во фунција на нафтоводот Скопје- Солун. „Со американска и европска поддршка стануваме коридор за природните ресурси“, изјави премиерот.
„Ја имате подршката од САД, бидејќи јасно ја градите земјата како регионален актер“, рече американскиот помошник- државен секретар Фенон. Според него, не е добро за една земја да има само еден снабдувач, бидејќи не може да води независна политика на пазарот.
Заев најави дека во следниот период ќе се разгледува предлогот на Европската енергетска заедница и Регулаторната комисија, Данокот на додадена вредност за струјата од 18 да се намали на 5 проценти.
Миле Ристески
