Продолжениот престој во училиштата- сериозен предизвик
Децата и родителите да не ја бојкотираат наставата порача министерката за образование и наука Мила Царовска. Според неа, на овој начин нема да се реши проблемот, кој настана како последица на коронавирусот. Но, бојкотот во дел од училиштата не е едиствениот проблем. Згрижувањето на децата кои следат настава со физичко присуство ги исправи родителите пред сериозен предизвик...

Бојкот на наставата и нарушување на протоколите е неконструктивен начин за надминување на кризата, вели министерката за образование. Според неа, секој од нас е одговорен за јавното здравје и протоколите мора да се почитуваат. Таа повторно апелираше до учениците да ги почитуваат одлуките на Комисијата за спречување заразни болести.
Бојкотот во дел од училиштата не е едиствениот проблем на стартот на учебната година. Згрижувањето на децата кои следат настава со физичко присуство ги исправи родителите пред сериозен предизвик. Владата даде зелено светло за продолжен престој во училиштата, но засега оваа опција не е достапна.
Од Владата ни одговорија дека општините како основачи на училиштата се надлежни да организираат продолжен престој според сите протоколи за заштита. Ова значи дека решение треба да најдат градоначалниците и директорите. Недостигот на кадар е сериозен проблем, предупреди СОНК.
Дел од чилиштата не можат ниту протосторно да одговорат на потребата за продолжен престој. Одговор побаравме од ЗЕЛС, но нивните тела сѐ уште не разговарале на оваа тема.
Наташа Јанчиќ- Менковски
