Постизборни предизвици и ЕУ перспективи
Поефикасен Парламент, нов изборен модел, меѓуетничка кохезија и поодговорен однос на политичките партии и граѓанските здруженија, се само дел од работите на кои треба да се работи за побзо да се изоди ЕУ интгративниот пат. Во Битола последната панел дискусија организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии...

Можноста за започнување на преговорите со ЕУ сега е најреална. Но, за да се оствари европеизацијата на земјата потребни се силни реформски процеси и обликување на европската иднина преку совладувањето на предизвиците наречени- владеење на правото, борба против корупцијата и обезбедување на подобар економски стандард за сите.
Добрите иницијативи теба да произлезат од Парламентот, а според поранешниот пратеник Илија Димовски, тој засега добро извршува само една од двете надлежности – законодавната. Вели дека и во влаењето на двата политички блока бил насочен во остварување на интересите на политичките партии.
За закони според волјата на граѓаните, е и актуелниот пратеник Африм Гаши. Но, за него не помалку важен е и столбот на мултиетничката опшествената кохезија. Смета дека како ќе ги решаваме задачите, така ќе се движиме по ЕУ шините. Вели, наместо да чекаме да се качиме како неспремни патници на возот и попатно да се подготвуваме за пристигање во Брисел, теба да работиме на тезата дека ќе имаме патници кои се подготвени за целта.
Стевче Митревски
