Владата ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести

04.10.2020 21:02

Забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на дозволената гласност на музиката до 55 децибели, дозволениот број луѓе коишто може да седат на една маса е четири- Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на дозволената гласност на музиката до 55 децибели, дозволениот број луѓе коишто може да седат на една маса е четири- Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести по зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 изминатите денови.

Министерот за здравство потсети дека дискотеките и ноќните клубови не добиле дозвола за работа и инсистира да се почитува работното време во угостителските објекти.

Најголем раст на нови заразени случаи има во возрасната група од 20 до 30 години и од 30 до 40, а нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години. Нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години и под 10 години.