Образование

Онлајн наставата без поголеми проблеми

05.10.2020 15:41

Одобрени десетица нови барања за спроведување настава со физичко присуство. Надминат е проблемот со бојкотот во Дебар, и тамошната гимназија почна со онлајн часови. Надлежните тврдат дека засега, во најголемиот дел од училиштата, процесот се одвива без поголеми проблеми.

Во околу 75 проценти од училишта, онлајн наставата се одвива без никакви проблеми, покажува анализата на Министерството за образование. 98 отсто од учениците од прво до трето одделение се седнати во клупите, а околу два проценти наставата ја следат преку компјутер. Десетици нови подрачни основни добиле одобрение за физичка настава.

Министерката додаде дека во мал број на училишта има бојкот. Во Дебар е веќе надмината состојбата, но не и во Струга. Промената не е лесна ни за наставниот кадар.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека образовниот систем на земјава се соочувал со тешкотии и пред коронакризата.

Министерката Царовска вели дека на ниво на држава, има доволен број вработени наставници, но појасни дека ако со поделбата по групи и почетокот со целодневна настава се јави потреба од нови вработувања, локалните власти треба да се обратат до ресорот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска