Европската комисија објави извештај за напредокот
Европската комисија го донесе извештајот за напредокот на земјава. За корупцијата, за истражните дејствија, за гонењето, има различни ставови, некаде е нагласен напредокот, во други области, има застој. И „Рекет“ влезе во напредокот, медиумите генерално слободни. Најавен инвестициски пакет од 9 милијарди евра за инфраструктурно и пазарно поврзување на целиот регион...

Постојан напредок во реформите поврзани со ЕУ, но моментумот мора да се одржи, констатира Eвропската комисија во извештајот за земјава. Нотирано е дека постои умерена подготвеност за реформи во јавната администрација, судството, борбата против корупцијата, организираниот криминал, тероризмот и фундаменталните права.
Земјата организрала избори за време на пандемија, одржала добри меѓуетнички односи и релации со соседните земји, но треба да се продолжи со спроведувањето на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија. Медиумите се генерално слободни.
Еврокомесарот за проширување објави економски и инвестициски план за Западниот Балкан вреден 9 милијарди евра за инфраструктурно и пазарно поврзување на регионот, на прес конференција во Брисел, за првпат со превод на македонски јазик.
Тројка е генералната оценка за реформите во земјава, соопшти првиот човек за евроинтеграции Димитров по објавувањето на извештајот. Оцени дека треба да се продолжи со реформите во клучните области за приклучување во ЕУ.
Се подготвува нов акциски план за реформи кој треба да го засили реформскиот процес по почетокот на преговорите.
Ирина Гелевска
