Расте бројот на бездомни лица
Сервисните услуги на пунктот за бездомници во Момин поток ги користат речиси 150 лица. Од Црвениот крст велат, секоја година бројот на бездомни лица се зголемува. Се одбележува Светскиот ден на бездомништвото. Во Момин поток се делеа хуманитарни пакети со хигиенски средства и прехрамбени производи...

Дванаесет години бев во затвор и останав без дом, на улица – вака 48 годишниот Камбер Бајрамов започна да ја раскажува неговата тажна приказна. Има здравствен проблем, не може да најде работа. Девет години без покрив над глава и Ванчо.
И двајцата, со уште 150 луѓе, редовно доаѓаат и ги користат услугите на пунктот за бездомници во Момин поток. Од Црвениот крст велат дека од година во година, бројот на бездомни лица се зголемува.
На Светскиот ден на бездомништвото, во пунктот во Момин поток се делеа хуманитарни пакети со хигиенски средства и пренхранбени намирници.
Пунктот во Момин поток функционира веќе 12 години и нуди секаов вид на помиш на сите оние кои останале без дом.
Ана Јосифоска- Тодоровска
