Одложено рочиштето за „Меѓународен сојуз“
Бојан Јовановски е на лекување во болница. Изутринава од Затворот- Скопје бил известен судот, дека Јовановски е во болница и не може да биде спроведен...

Одложено рочиштето за судењето за „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски е на лекување во болница. Изутринава од Затворот- Скопје бил известен судот, дека Јовановски е во болница и не може да биде спроведен.
Ова е трето рочиште кое се одложува поради отсуство на обвинетиот Јовановски. Тој во почетокот на изминатиот месец беше опериран поради проблеми со желудникот.
Апелација ја одбила неговата жалба по притворот. Адвокатот Дуковски најави повторно жалба до Апелација.
Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Јовановски се обвинети и јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
