Како да разликувате грип и ковид-19?
Сезоната на грип полека се приближува, затоа е оправдана загриженоста на лекарите и експертите дека пандемијата на коронарниот вирус ќе стане уште посериозна.

На поединецот ќе му биде тешко да препознае дали „фатил“ грип или Ковид-19, бидејќи симптомите се скоро идентични.
Експертите предупредуваат дека судирот на коронавирус и грип може да биде голем притисок и удар врз здравствениот систем, и постои општа препорака луѓето да продолжат да бидат заштитени.
Болки во мускулите, кашлица, треска, гадење, отежнато дишење, се симптоми кои одговараат на грип и коронавирус. Значи, многу е тешко да се разликуваат - истакнуваат експертите, истакнувајќи дека луѓето треба да се воздржуваат од само-дијагностицирање и да посетат лекар доколку почувствуваат некој од наведените симптоми.
Сепак, не постои правилен и безбеден начин некој да знае дали има вирус или не, освен преку тестирање, но научниците неодамна истакнаа дека два клучни симптоми сепак можат да го разликуваат Ковид-19 од обичниот грип.
Тоа се вкусна дисфункција (губење на вкус и мирис) и диспнеа (субјективно чувство на недостаток на воздух проследено со чувство на тешкотија при дишење).
Една британска студија објавена од Националната медицинска библиотека го анализирала губењето на мирис и вкус како клиничка презентација на лесни до умерени форми на коронавирус. Студијата опфати 417 испитаници, од кои 263 беа жени.
Откриено е дека дури 85,6 проценти (88 кога станува збор за жени) од пациентите пријавиле губење на мирис или вкус или и двете.
Покрај тоа, најчести симптоми беа кашлица, болка во мускулите и губење на апетит, како и опструкција на дишните патишта во носот.
Губење на вкус и мирис, а особено мирис, е релативно честа појава со грип или настинка, но најмногу доаѓа во блага форма, додека кај Ковид-19 е ненадејна и силна и може да доведе до фактот дека не можете ни да разликувате што е слатко а што солено.
Дијана Гогова
