ЗАНИМЛИВОСТИ

80.000 предмети од познатиот хотел „Валдорф Асторија“ се на аукција

07.10.2020 12:32

Еден од најпрестижните хотели во светот Валдорф Асторија, ќе понуди 80.000 предмети на аукција пред почетокот на целосното реновирање.

Големото реновирање на „Валдорф Асторија“ започна во декември 2017 година, а хотелот се очекува повторно да се отвори за две до три години и ќе вклучува 375 катни живеалишта и 375 соби, се вели во изјавата на Ендру Милер, извршен директор на „Даџија САД“, сопственик и инвеститор на  Валдорф Асторија.

Од отворањето во 1931 година, хотелот Валдорф Асторија го посетиле само елитни групи, од политичари, актери, до кралското семејство.

Наречена „неофицијална палата“, хотелот бил  домаќин на луѓе како Грејс Кели, Френк Синатра, Ела Фицџералд и многу американски претседатели, од Херберт Хауер до Барак Обама.

Во овој хотел живееја и некои членови на високото општество, вклучувајќи ги композиторот Кола Портер и војводата од Виндзор Едвард VIII со неговиот партнер Волис Симпсон.

Аукцијата ќе започне на 17 октомври, а ќе заврши на 15 ноември.

Целиот приход ќе биде наменет за заштита на Св. Вартоломеј со цел да помогне во обновувањето на надворешноста и градините на црквата кои се наоѓаат спроти улицата од хотелот.

Дијана Гогова