Почна бербата на јаболкото

08.10.2020 10:28

Почна бербата на јаболко. Квалитетот е добар, а трговците се заинтересирани за откуп, велат производителите. Според нив, годинава откупната цена не треба да биде помала од 15 денари за килограм колку што во моментов и се плаќа. Најголем дел, или скоро 75 проценти од родот се извезува на рускиот и на пазарите во Европа.

Почна бербата на ресенското јаболко. Првите гајби се полни и подготвенин за откуп. Трговци има и плаќаат по најмалку 15 денари за килограм, а најголем дел од производството оди на рускиот пазар.

Годинава се очекува да бидат собрани рекордни од 100 до 120 000 тони. Според пресметките просечната производствена цена е 11,2 денари за килограм, ако од еден хектар се добијат околу 30 000 килограми.

Родот годинава е квалитетен, а има и заинтересирани купувачи од Русија и тоа без посредувањето на српските трговци.Нема никакви бариери и директно ќе се купува од откуните пунктови кај нас и ќе се товари за транспорт.

Јаболковите насади се застапени на околу 5.900 хектари, или речиси една третина од површините под овошни култури, а во последните години  има тренд на нивно зголемување. Преспанскиот регион е најголем производител на јаболко во нашава земја, а најмногу е застапена сортата ајдаред.

Една четвртина од вкупното производство на јаболки се продава на домашниот пазар додека останатите 75 проценти се извезуваат.

 

Методија Трајков