КОВИД-19

Маските се задолжителни на отворено во Италија

08.10.2020 10:30

Иако Италија има помалку заразени со ковид-19 во однос на други европски земји, владата во Рим активираше мерка за задолжително носење маска и на отворен простор за да се избегне ново ограничување на движењето кое би имало катастрофални последици и за економијата.

Чешка е нов рекордер во Европа по бројот на инфицирани во последните две недели. По неа се Шпанија и Холандија. Од петок се затвораат сите пабови и ресторани во Шкотска, а слични мерки планира и Англија во неколку региони.

Угостителските објекти во Брисел ќе бидат под клуч еден месец. Во Париз, пациентите со ковид-19 зафаќаат над 40% од леглата на интензивна нега.

Неколку други европски земји, меѓу кои се и Полска и Украина, регистрираа дневни рекорди во бројот на заразени лица.