Уште 22 првачиња од училиштето „Гоце Делчев“ во изолација
Градоначалникот на Општина Центар го осудува нејзиното однесување и бара да биде санкционирана. Директорката тврди- од втори октомври, ниту детето, ниту неговата мајка не се појавиле во училиштето, тие се во самоизолација.

Наставничка со симптоми на коронавирус не одела на работа, но го носела своето дете прваче на настава во основното училиште „Гоце Делчев“. 22 првачиња од две одделенија се во изолација. Градоначалникот на Општина Центар го осудува нејзиното однесување и бара да биде санкционирана. Директорката тврди- од втори октомври, ниту детето, ниту неговата мајка не се појавиле во училиштето, тие се во самоизолација.
Во изолација се и 53 ученици и осум наставници од почетокот на учебната година- соопштија од Министерството за образование. Шестмина од наставниот кадар не бил во директен контакт со децата. Велат- во сите училишта каде што има позитивни случаи со физичко присуство, се постапува навремено за да се спречи ширењето на вирусот, а наставата продолжува онлајн.
Состојбата се следи, мерките да се почтуваат- апел до наставницте, максимално одговорно да пристапат кон лична заштита, тие ја сносат одговорноста за сопственото здравје.
