За 35,5 проценти зголемен бројот на заразени со Ковид-19
Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи кај возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 проценти, односно 46,1 насто, соодветно...

За 35,5 насто е зголемен бројот на новозаразени со Ковид-19 споредбено со минатата недела- објави Институтот за јавно здравје. 1.203 нови случаи во 31 град, најголем број регистрирани во скопје- 520. Направените биле 9.830 тестирања, 12,2 насто од нив, имаат позитивен тест.
Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи кај возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 проценти, односно 46,1 насто, соодветно.
Најмал е бројот на заболени деца до девет години, а најголем досега кај лицата над 60 години. На клиниките има 142-ца хоспитализирани, кај 280 лица се регистриани присуство на коморбидитети. Од заболените, речиси 38 насто се изјасниле дека имале контакт со потврден случај.
Министерот Филипче закажа прес-конфренеција. Утрово на социјалните мрежи порача- не излегувајте од дома без маска, нов начин на живот значи нови навики. Да ги почитуваме мерките за заштита, и да сфатиме дека веќе се дел од нашето секојдневие.
