ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче

08.10.2020 12:46

Според партијата, ситуацијата е целосно излезена од контрола, а неспособноста на Филипче и Заев резултира со огромни бројки на заразени за кои наскоро ќе нема место во болниците.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче, поради како што велат, неспособноста да се справи со Ковид-19. Според партијата, ситуацијата е целосно излезена од контрола, а неспособноста на Филипче и Заев резултира со огромни бројки на заразени за кои наскоро ќе нема место во болниците.

За една недела процентот на починати од корона вирусот е скоро 10 проценти поголем, а неспособноста на владата предводена од Заев и неговите министри како Филипче, убива луѓе- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.