Компаниите кои зеле кредит од линијата Ковид 1 да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот
Јавниот повик ќе трае до 14-ти октомври, а со него почнува имплементацијата на четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, информираат од Владата.

Развојната банка со повик до компаниите кои зеле кредит од линијата Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци. Јавниот повик ќе трае до 14-ти октомври, а со него почнува имплементацијата на четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, информираат од Владата.
Посочуваат дека зголемувањето на грејс периодот за отплата на кредитите од Ковид 1, ќе им обезбеди дополнителна ликвидност на компаниите во последниот квартал од 2020 годна, за полесно справување со социо- економската криза.
Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на Развојаната банка во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата - за угостителската, транспортната и туристичката дејност. Беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица.
