Медицински персонал од струмичката болница заболен од Ковид-19

08.10.2020 13:04

Доктори, медицински сестри и вработени во администрацијата на болницата во Струмица, се позитивни на коронавирус. Менаџментот на оваа здравствена установа вели дека тешко се справува со организацијата поради новиот континуиран раст на позитивни случаи во овој регион...

Двајца лекари, три медицински сестри, но и двајца вработени во администрацијата на Општа болница- Струмица, позитивни на Ковид- 19. Од управата велат дека тешко се снаоѓаат со организација на одделенијата од каде се позитивните вработени.

Поради континуираниот раст на новозаразени во Струмица, болницата реорганизираше простор со цел да се примаат и третираат лицата со полесна клиничка слика.

Капацитетот на инфективното одделение во струмичката болница е исполнет максимум, а активно позитивни се 189 лица.

 

Стојне Митева