СЦЕНА

Синеворлд привремено ги затвора сите кина во САД и Велика Британија поради пандемијата

08.10.2020 13:59

Вториот по големина синџир на киносали во светот, Синеворлд, од 9-ти октомври привремено ќе ги затвори сите кина во САД и Велика Британија затоа што, поради пандемијата на коронавирусот премиерите беа одложени до крајот на годината, вклучувајќи го и најновиот филм за Џејмс Бонд. Тие соопштија дека ќе затворат 536 кино сали во САД и 127 во Велика Британија, што ќе влијае на околу 45.000 вработени.

„Ние не ја донесовме оваа одлука лесно“, изјави извршниот директор на Синеворлд, Муки Градерингер.

Последниот во низата откажани премиери е најновиот филм за Џејмс Бонд, а дел од причината е што еден од најголемите пазари во САД, Њујорк  не планира повторно да ги отвори киносалите во земјата.

Синеворлд е  во големи долгови и се бори со последиците од пандемијата на коронавирусите.

Групите што ги претставуваат сопствениците на театар, филмските студија и режисери минатата недела побараа од американските законодавци да им дадат олеснување на киносалите.

Во писмото, меѓу другото, потпишано од Стивен Спилберг, Кристофер Нолан, Клинт Иствуд и Мартин Скорсезе, се предупредува дека ако продолжи статус квото, скоро 70 проценти од малите и средни кина би можеле трајно да се затворат.

Дијана Гогова