Брус Спрингстин ќе објави документарен филм заедно со новиот албум
Познатиот американски пејач и гитарист Брус Спрингстин на 23 октомври ќе објави нов албум и документарен филм.

„Писмото на Брус Спрингстин до тебе“ ( "Bruce Springsteen's Letter to You" ) ќе понуди видеа и досега необјавени архивски снимки.
Албумот, кој беше снимен за пет дена, содржи девет песни и уште три песни што Спрингстин ги нема издадено досега, а биле наменети за неговиот деби албум од 1973 година, „Greetings From Asbury Park, N.J“.
Спрингстин важи за музички наследник на Елвис Присли, Вуди Гатри, Пит Сигер и Боб Дилан, но исто така беше под големо влијание на рок и ритам и блуз музиката од 60-тите години.
Неговата најпопуларна песна е „Роден во САД“ од истоимениот албум. Песната беше толку популарна што беше усвоена од Роналд Реган и Валтер Мондајл за време на претседателската кампања во Соединетите Држави во 1984 година, погрешно толкувајќи ја како едноставно патриотска песна, наместо да ги критикува последиците од војната во Виетнам.
Дијана Гогова
