Oдложени премиерите на холивудскиоте блокбастери „The Batman“ и „Dune“
Филмот на Дени Вилнев „Duen“ е последниот во низата холивудски блокбастери чијашто премиера е одложена поради состојбата со пандемијата на коронавирусот.

Научно-фантастичниот филм на „Ворнер Брос“, во кој играат Тимоти Шаламе и Зендаја, требаше да биде прикажан за прв пат во декември годинава, а сега е одложен за октомври 2021 година.
Исто така беше одлучено новиот филм за Бетмен, кој го игра Роберт Патинсон, да биде прикажан за прв пат во март 2022 година, но „Ворнер брос“ одлучи на светот да му го понуди четвртото продолжение на „Матрикс“ во декември 2021 година.
Челниците на Холивуд решија да ги чекаат премиерите на најзвучните наслови поради пандемијата, но светските кина претходно започнаа да ги рекламираат, со цел да ја вратат публиката во салите.
Дијана Гогова
