МЗ: раѓаните да бидат одговорни - да носат заштитна маска, да одржуваат физичка дистанца и хигиена

09.10.2020 16:38

Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание од два метри и честото миење на раце - одржување хигиена се клучни во борбата со коронавирусот. Ова се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот...

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани да бидат одговорни и совесни - да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на ковид-19.

Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание од два метри и честото миење на раце - одржување хигиена се клучни во борбата со коронавирусот. Ова се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Ова се мерки со кои се заштитува сопственото здравје, но и здравјето на сите околу нас - најблиските, родителите, пријателите.

За потсетување, вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека согласно епидемиолошката слика и анализите на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, донесена е одлука за препорака до Владата на Република Северна Македонија за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид вирусот.

„Состојбата со вирусот е многу сериозна, токму онака како што со месеци најавувавме дека може да се случи. Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки кои е очигледно дека не може да ги избегне ниту една земја. Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Воопшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита. Сега веќе не верувам дека има човек којшто точно не знае како да се заштити себе и другите, сега е само прашање на волја и да се придонесе во битката со вирусот, личната заштита и заштита на сите граѓани.“ – потенцираше Филипче.