Тетово

Отворените граници нема да ја подобрат економската состојба

12.10.2020 16:22

Отворањето на гранциите со соседните земји нема да ја подобри економијата, сметаат економските експерти. Трговицте, пак, не очекуваат да им се зголеми прометот со доаѓањето на соседите кои имаат иста куповна моќ, како македонсктие граѓани.

Веќе неколку часа никој не влегол во локалот на Ќазим Халили, лоциран во трговскиот центар во Тетово. Така е речиси секој ден, од кога започна пандемијата. Но, сега состојбата е уште полоша. Народот купува само тоа што му е неопходно.

Печалбарите од запад годинава не дојдоа, без нив, тешко ќе ја поминеме годинава. Најавата за отворање на границите за неколку балкански земји, чија економија е иста како и нашата, нема да го зголеми прометот, вели Халили.

Иста е состојбата и кај останатите трговски, но и услужни објекти. Економските експерти велат дека Македонија и досега ја реализирала главната трговија со соседните земји. Отворањето на границите нема да влијае на економската ставка.

Здравјето пред се, велат здравствените работници. Сметаат дека во овој период не требаше да се отвораат границите.

Полошкиот регион од почеток на пандемијата па се досега, евидентира голем број на случаи заразени со КОВИД 19. Роднинските и пријателските врски кои ги имаат жителите од овој регион со Косово, односно нивното доаѓање во Македонија, дополнителнио ќе ја влоши епидемиолошката состоба во овој крај, сметаат здравствените работници.

 

Зоран Димовски