Дивоградбите во Вевчани се уриваат, во Струга нема никаква активност

12.10.2020 15:27

Во Вевчани се уриваат дивоградбите, во Охрид процесот стагнира, а во општина Струга нема никаква активност. Вевчанци најдисциплинирани, сами прифатиле да ги отстранат монтажните објекти, нелегалните огради и слично...

Во Вевчани се уриваат дивоградбите, во Охрид процесот стагнира, а во општина Струга нема никаква активност. Вевчанци најдисциплинирани, сами прифатиле да ги отстранат монтажните објекти, нелегалните огради и слично. За цврстите градби, куќите кои што се на листата за отстранување распишан е тендер за уривање, најави првиот човек на општината.

„Да речам нови градби градени 2013 за нив се донесени решенија во 2015 година. Знаете тешко се јавуваат фирми за отстранување на дивоградби особено во мали општини со тоа имаме проблем, но знаете како е и самио народ притиска преку упправни инспекции“, вели Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани.

Од иницијативата Охрид ЅОЅ пповторно апелираатдо надлежните да започне отстранувањето на дивоградбите на струшкиот брег на езерото.

„Спротивно на законите, спротивно на Планот за управување со Охридскиот Регион, спротивно препораките на UNESCO и ICOMOS, брегот на Охридското Езеро во административните граници Општина Струга е целосно узурпиран, ограден, бетониран, приватизиран. Веројатно и ова не се дивоградби, според градоначалникот Мерко“, пишуваат активистите од Охрид ЅОЅ.

Општина Охрид прва започна со решавање на проблемот со дивоградбите уште во месец јули, но од август акцијата стагнира.

„Општина Охрид започна активности за отстранување на бесправните градби, по утврдена динамика. Според планираното, се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и активности за уривање“, велат од општина Охрид.

Пред три дена беше објавен Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2020 година. Меѓу другите теми, спомнато беше и природното и културно наследство на Охридскиот регион и наведено дека се очечкуваат конкретни чекори за заштита.

Соња Рилковска