Здравство

Нема слободен кревет на инфективното одделение во Велес

12.10.2020 16:32

Болничкиот капациет за хоспиталзирани пациенти од ковид 19 на инфективнто одделние при Општата Болница во Велес е преполн. Од Болницата размисливаат за прошитување на капацитетот за болничките легла и реорганизација на тимови за работа. Трендот на заболени граѓани периодов расте. Велешани сметаат дека главна причина е непочитувањето на мерките од страна на граѓаните. Од најаената ковид- монтажна болница засега нема ништо...

Нема слободен кревет за пациенти кои се позитивни на Ковид- 19 на инфективното одделение при општата болница во Велес. Капацетот е исполнет веќе неколку дена. 

Непочитувањето на препораките е главната причина според велешани за зголемениот број на заболени и обемот на работа којшто го имаат медицинските лица. 

Трендот на новозаболени од Ковид- 19 во Велес периодов расте. Засега од 378 заболени, 306 се оздравени, активни 56, а 16 пациенти ја изгубиле битката со коронавирусот. Во велешката болница се хоспитализирани и граѓани од Тиквешкиот регион.

 

Памела Цилаков