Струмица

Се губат старите сорти на земјоделски култури

12.10.2020 15:47

Се губат старите сорти на земјоделски култури во струмичкиот регион. Поради климатските промени, сѐ помалку успеваат некогашните традиционални семиња...

Се губат старите сорти на земјоделски култури во струмичкиот регион. Поради климатските промени, сѐ помалку успеваат некогашните традиционални семиња. Поради тоа, на нивите има најголем дел насади со семенски материјал од увозно потекло.

Но, земјоделците сметаат дека новите техники на производство можат да ги ублажат ефектите од климатските промени.

Борбата со климатските промени според експертите, не смее да остане само на земјиоделските производители, туку во неа треба да се вклучат и ресорните министерства и државата, за да се заштити производството на храна и да се овозможи развој на аграрот.

Анализите на Светска Банка покажуваат дека руралните средини ќе бидат особено економски опустошени од влијанието на климатските промени врз производството во земјоделството.

Стојне Митева