Криминалната група од Куманово испрала 4 милиони евра
30 дена притвор за 13-те уапсени во акцијата Калабрија во Куманово. Петмина, обвинителството ги товари за злосторничко здружување, а останатите осум и за изнуда, перење пари и трговија со дрога и оружје.

Мозокот на фамилијарниот криминал бил 43-годишниот Ферад. Во групата биле и неговите четворица браќа, две сопруги и шест синови. Криминалната група во Романовце поседувала комплекс –Калабрија во чиј склоп има - семејна куќа, печатница,пекара и базен, земјиште од околу 50 илјади квадратни метри, како и станбени и деловни простории од две ипол илјади квадратни метри.
Според истрагата, големиот имот го стекнале со должничко-доверителски односи.Создале мрежа за транспорт и препродавање на дрога и оружје. Перените пари ги затварале со купување недвижен имот во Косово.
Во акцијата Калабрија учествувале 350 полицајци. Претреси биле направени во 26 објекти , кај 5 нотари и во две бироа за книговодствени услуги. Биле најдени 30 илјади евра во кеш, лихварска евиденција,купопродажни договориза движен и недвижен имот, нотарски акти, компјутер, оружје, муниција. Поднесени се кривични пријави и против три правни лица.
Голем дел од од фамилјарната империја се наоѓа во Куманово. Два дена во градот врие од полициј , градоначалникот се оградува од одговорност.
-„Не би можел да кометирам работа на МВР и обвинителството,бидејќи не ги знаеме деталите од оваа акција. Тоа е на ниво на шпекулации.Додека тоа не се објави нема некоја завршница, ќе видиме после акцијата.Тврдам дека локалната самоуправа во 2000-та има издадено едно одобрение за градба на тоа семејство“,вели градоначалникот Дамјановски.
Дамјановски вели дека имотот на уапсените бил дивоградба. Поднеле барање за легализација, кои му биле процесуирани, но немале целосна документација.
Наташа Гркова-Петрушевска
Пеце Николовски
