Здравствени придобивки од конзумирање чај
При настинка, чајот е неизбежен пијалок за смирување на иритирано грло. Чаевите од нане и липа се идеални пијалоци за зајакнување на отпорноста на организмот кон настинки и вируси.

Чај од липа за настинки
Во случај на настинка, најдобро е да посегнете по чај од липа. Овој чај ублажува кашлица, поттикнува потење и ја зголемува отпорноста кон инфекции. Се препорачува да се консумира секој ден како превентива.
Зелениот чај штити од деменција
Зелениот чај, го забрзува топењето на мастите, го забрзува метаболизмот и ја забрзува работата на црниот дроб. Го регулира нивото на шеќер во крвта, што го стимулира чувството на ситост и го намалува холестеролот. Покрај тоа, неговите активни супстанции, полифенолите, го одржуваат здравјето на мозочните клетки. Се препорачува да се пие секој ден, бидејќи тоа е добра превенција од деменција и Алцхајмерова болест.
Црниот чај го чува здравјето на белите дробови
Освен што се смета за борец против лошиот здив, црниот чај го зачувува и здравјето на белите дробови. Затоа е особено препорачливо за пушачи. Исто така, помага во регулирање на шеќерот во крвта, со што се намалува ризикот од акумулација на маснотии.
Нането ја ублажува надуеноста
Слично на чајот од коприва и бреза, нането делува како диуретик. Чајот од нане ја зголемува подвижноста на дигестивниот тракт и го олеснува варењето на храната и ги ублажува грчевите и надуеноста.
Чајот од хибискус го намалува крвниот притисок
Овој чај е борец против висок крвен притисок. Студиите потврдија дека редовното пиење од две до три чаши чај на ден го намалува крвниот притисок и е исто толку ефикасен како и лековите за висок крвен притисок. Покрај тоа, чајот од хибискус го штити организмот од слободни радикали, хронични болести, дијабетес и срцеви проблеми.
Чај од ѓумбир против главоболки и гадење
Покрај ублажувањето на воспалителните процеси во организмот, чајот од ѓумбир го регулира апетитот и ја намалува подуеноста. Затоа, се препорачува за гадење и болка во теконт на месечниот циклус кај жените. Тој е одличен избор и против главоболки.
Чај од коприва против алергии
Овој чај помага во чистење на крвта од токсини и ја забрзува работата на црниот дроб. Се користи во третман на кожни болести, но и при ублажување на алергии на полен. Дејствува како антихистамин и ги ублажува симптомите како што се кашлица, течење на носот и чешање на очите.
Дијана Гогова
