Недостаток на витамин Б12 остава сериозни здравствени последици
Витаминот Б12 игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје на целиот организам. Затоа е важно да му се обезбеди на организмот доволна количина...

Витаминот Б12 е еден од најсложените витамини во човечкото тело, поради неговата хемиска структура e неопходен за луѓето и затоа поради неговиот недостаток може да се појават бројни здравствени проблеми.
Главниот извор на овој виотамин е храна од животинско потекло.
Некои од нив се црниот дроб, бубрезите, срцето и мускулите, бидејќи токму во нив се акумулира витаминот. Рибата и јајцата, како и другите производи од животинско потекло, се исто така одличен извор.
Витаминот Б12 има антитуморно дејство и може да биде извор на енергија не само за човечкото тело, туку и за неговиот централен нервен систем. Одржува добра состојба на нервниот систем, ја подобрува концентрацијата, меморијата и рамнотежата.
Од друга страна, недостаток на витамин Б12 може да доведе до негативни последици по здравјето на луѓето, а еве и кои знаци укажуваат дека имате недостаток на витамин б 12
1. Вртоглавица
Вртоглавицата може да укаже на недостаток на витамин Б12, но најдобро е да се обратите кај лекар за да се утврди точната причина.
2. Заборавање
Честото заборавање е многу чест симптом на недостаток на витамин Б12 и многумина веруваат дека на луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест или други видови на деменција им недостасува овој витамин.
3. Мускулна слабост
Поради недостаток на овој витамин, можна е појава на мускулна слабост.
4. Слабокрвност
Честопати луѓето кои немаат витамини имаат блед тен поради недостаток на еритроцити.
5. Вкочанетост
Може да биде симптом на недостаток на витамин, а се случува поради оштетување на нервите.
6. Необјаснет замор
Недостаток на овој витамин го намалува бројот на еритроцити и со тоа се намалува количината на кислород во крвта, што доведува до хроничен замор.
Дијана Гогова
