Розовата сенка за очи е најголемиот тренд во шминкањето: Сè е дозволено, уживајте во новата ера на женственост!
Портокаловата и светло-виолетовата боја се веќе на врвот на трендовите во шминкањето веќе некое време, а прашање на време беше кога сите розови нијанси ќе им се придружат на тоа место.
Луиза Пика, креативната директорка за шминка во Шанел, направи мини револуција пред неколку сезони со своите црвени и розови сенки , па дури и реченицата „Пинк е новата црвена“ се појави на нивна сметка.

Розовите нијанси, исто како и црвените, бараат посебно внимание при нанесувањето. Светлиот тен е знак дека нема лесно да се извлечете со розови нијанси на очите и дека ефектот може лесно да се приближи до оној што го имате кога имате недостаток на сон или сте на чекор да се разболите. Наместо да ве прават да изгледате женствено и меко, тие само дополнително ќе го нагласат секој проблем што го имате. Токму затоа треба внимателно да изберете нијанса на розово.
Одредена подготовка ќе ви биде потребна и доколку имате потемен тен. Првиот и основен чекор е да изберете розова боја која ќе има нијанса која одговара на вашиот тен.
За да ја задржите сенката на очи преку цел ден и ноќ без да се избрише, прво нанесете прајмер, односно база за сенки. Потоа нанесете ја сенката за очи над целиот капак и нежно проширете ја нагоре. За дополнителен пигмент, натопете ја четката со малку фиксатор за шминка или сенката нанесете ја со врвовите на вашите прсти.
Ако го усовршивте сето ова, продолжете, забавата може да започне! Сè е дозволено, уживајте во новата ера на женственост.
Дијана Гогова