СЦЕНА

Дејвид Финчер се враќа со црно- бела драма за сценаристот на „Граѓанинот Кејн“

13.10.2020 11:52

Познатиот холивудски режисер Дејвид Финчер се враќа по шестгодишна пауза со „Манк“ филм за Херман J.. Манкевиќ, сценарист на култниот филм „Граѓанинот Кејн“.

„Манк“ е снимен во продукција на Нетфликс, со што Финчер се впишува цо соужѕвездието  на признати автори како Мартин Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон, кои ги пласираа своите филмови преку  оваа  стриминг платформа.

Во првиот трејлер за црно-белата драма на Финчер, можеме да го видиме оскаровецот Гери Олдман во улогата на проблематичниот писател Херман и неговите проблеми да го заврши сценариото на „Граѓанинот Кејн“ за Орсон Велес.

Сценариото за „Манка“ го напиша таткото на Финчер, Џек Финчер, кој почина во 2003 година.

Снимањето беше планирано кон крајот на 90-тите години, но проектот започна да се реализира дури минатата година, кога стриминг гигантот Нетфликс застана зад него. „Манк“ треба да биде достапен за гледачите од 4 декември.

Дејвид Финчер се проби во 90-тите години на минатиот век со провокативни трилери „Игра“, „Седум“ и „Борбен клуб“. Тој беше номиниран за Оскар во 2009 година за „Невообичаениот случај на Бенјамин Батон“, а во 2011 година за „Социјална мрежа“. Неговиот последен игран филм „Недостига“ го сними во 2014 година.

Дијана Гогова